Макрон до Французите: Вашите напори се исплатија, го поминавме врвот на вториот бран

Од:

Вашите напори се исплатија, граѓанскиот дух што го покажавте беше ефикасен, им рече вечерва претседателот на Франција Емануел Макрон на своите сограѓани.

Во телевизиското обраќање, Емануел Макрон соопшти дека Франција го поминала врвот од вториот бран од епидемијата.

-Денес достигнавме 50.000 смртни случаи поради епидемијата. Во некои региони, смртноста останува загржувачки голема Имаме неколку недели пред нас, за да ја постигнеме целта што ја имав поставено за контрола на епидемијата, со 5000 случаи на ден. Ние мора да продолжиме со нашите напори “, рече тој.

Претседателот на Франција потоа даде детали на идниот календар: „Нова етапа ќе се отвори од сабота 28 ноември“.

Потврдата за излегување од дома и понамату ќе биде задолжителна по 28 ноември, односно ќе треба да се продолжи да се работи од дома, да се откаже од непотребните патувања.

Најавувајќи повторно отворање на продавници и одобрување на физичка активност во радиус од 20 км со траење од три часа.

Од друга страна, нема да има отворање на кината, театрите, музеите во рамките на строгите здравствени протоколи се до 15 декември.

Ако ограничувачките мерки за излегување од дома со потврда завршат на 15 декември, кога ќе започне втората фаза, тогаш ќе биде воведен полициски час од 21 до 7 часот.

-Ќе можеме слободно да се движиме навечер на 24 и 31 декември, но нема да има собири на јавни места, објасни Емануел Макрон.

Средношколците ќе можат да се вратат на училиште околу 20 јануари, кога започнува втората фаза, а студентите дури две недели подоцна. Од 20 јануари ако ситуацијата дозволува же можат да отворат баровите, рестораните и ноќните клубови.

Владата можеби ќе ја направи задолжителна обврската за изолација на лицата кои се позитивни на Ковид-19, но францускиот претседател не планира да ја направи вакцината против Ковид-19 задолжителна, а првите вакцини ќе започнат во декември.

Најавувајќи влошување на економската и социјална криза, францускиот претседател најави дека на сила ќе останат и мерките за помош на претпријатијата, како и на најранливите слоеви на населението.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Макрон: Мораме трајно да се подготвиме за геополитички и геостратешки промени

Макрон повика на забрзана транзиција кон „воена економија“ и помош за Украина

Горан Наумовски

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор