Макрон денеска во летната резиденција во Брегансон на средба со Путин

Од:

Првите луѓе на Франција и Русија, Емануел Макрон и Владимир Путин, попладнево ќе се сретнат во Брегансон – летната резиденција на францускиот претседател, само пет дена пред самитот на Г7 во Бијариц, на кој рускиот претседател не е поканет, јавува дописникот на МИА.

Францускиот претседател ќе го прими својот руски колега во тврдината Брегансон, во Вар. Рускиот претседател ќе пристигне во 17:30 часот, по што е предвидено двајцата да дадат изјава за печатот. Од 18 часот, ќе имаат работна средба пред работната вечера. На менито треба да се најде конфликтот во проруските сепаратистички региони во источна Украина, што Русија, покрај анексијата на Крим, да доведе до исклучување од Г8 и санкции на ЕУ. Тие ќе се осврнат и на меѓународните кризи каде Русија игра клучна улога, особено војната во Сирија и тензиите меѓу Иран и Соединетите држави околу нуклеарниот договор.

Оваа средба, доаѓа на само пет дена од почетокот на Самитот на Г7 во Бијариц (седумте најголеми економски сили), и е начин Париз повторно да ја вклучи Русија во овој глобален настан од каде беше исклучена во 2014 година.

Доаѓањето на Путин, исто така, го симболизира политичкото враќање на францускиот претседател по летниот одмор. Од заминувањето од Елисејската палата во Бегансон на 24 јули, шефот на државата беше релативно дискретен. За време на „работниот“ одмор, според неговата придружба, во јавноста излегоа само фотографии од некои прошетки направени со неговата сопруга во регионот.

На 15 август, Макрон учествуваше на одбележувањето на десантот во Прованс, и на 17 август учествуваше во комеморацијата на Ослободувањето на Борм-лес-Мимоза, од каде ги повика Французите на помирување.

–Во последните месеци имавме тешки моменти на поделба, понекогаш и на насилство, од кои мора да знаеме како да излеземе. Понекогаш има добри причини да не се согласуваме и ние мора да ги почитуваме, има и други што можеме да ги оспоруваме, но мора да знаеме и да ги слушаме, рече тој. „Без оглед на несогласувањата, до одличните моменти од нашата историја, знаевме како да се помириме за да напредуваме“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он