Макрон денеска ќе разговара со Бајден за кризата со подморниците

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе разговара со својот американски колега Џо Бајден за кризата што се случи меѓу Париз и Вашингтон поврзана со раскинатиот договор со Австралија за набавка на подморници, објави портпарол на француската Влада.

Се очекува во телефонски разговор да ги разјаснат условите во кои беше објавено формирањето на новиот сојуз, како и условите за новиот американски ангажман со сојузниците, изјави портпаролот по владиниот состанок.

Разговорот се води „на барање на претседателот на САД“, потсети Елисејската палата. САД, Велика Британија и Австралија на 15 септември објавија ново стратешко партнерство во индо-пацифичкиот регион, но тие земји не ја консултираа Франција, која загуби вреден договор за испорака на подморници во Австралија.

Макрон очекува „појаснувања во врска со американскиот избор да се задржи еден европски сојузник на страната на структурната размена за соработка во Индо-Пацификот“, соопшти француското претседателство.

– Очекуваме нашите сојузници да признаат дека размените и консултациите кои требаше да се спроведат, не се насоки, и дека ова е прашање на доверба, од која треба заедно да ги сносиме сите последици, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Макрон е силен на зборови, но не издвојува пари за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин

Макрон: Присилното преселување на населението од Газа е воено злосторство

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Бајден собра повеќе од 53 милиони долари за неговата кампања во февруари

Макрон: Русија не е голема сила

Горан Наумовски