Макрон бара средба меѓу Трамп и Рохани

Од:

На заедничката прес-конференција помеѓу Доналд Трамп и Емануел Макрон, францускиот претседател се осврна и на иранското прашање, една од темите што викендов доминираа на самитот на Г7 во Бијариц.

–Се согласивме дека Иран мора да ги почитува своите нуклеарни обврски, рече Макрон.

Иран никогаш не смее да има нуклеарно оружје и оваа ситуација не смее да ја загрозува стабилноста на регионот .

Потсетувајќи се на изненадувачкото присуство на иранскиот министер за надворешни работи во неделата во Бијариц, Емануел Макрон, рече дека „ништо не е направено за иранското досие, но има дискусии што почнаа при оваа посета“.

–Се надевам дека можеме да имаме состанок на врвот меѓу претседателите Рохани и Трамп… Ако Рохани прифати средба со претседателот Трамп, може да се најде договор“, рече францускиот претседател.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“