Мајкрософт: Во САД моментално се извршуваат обемни хакерски напади од Русија

Од:

Мајкрософт на својот блог објави дека рускиот ентитет кој стоеше зад минатогодишните големите хакерски напади на фирмата „Солар виндс“ поврзана со приватни компании и државни агенции, моментално изведува цел бран напади на компјутерските системи на САД, и оти засегнати се стотици компании и организации.

Мајкрософт во соопштение синоќа посочи дека нападите, вршени од руската хакерска група Nobelium, се насочени кон „трговски посредници и снабдувачи на технолошки услуги“ на облачните сервиси.

Според компанијата, нападите се дел од обемна кампања започната уште од минатото лето. Од 1 јули до 19 октомври Мајкрософт информирала 609 клиенти дека се цел на напади.

Весникот Њујорк тајмс, повикувајќи се на официјално лице, потврди дека моментално се изведуваат хакерски напади. Изворот укажа дека тоа се „несложени, обични операции кои би можеле да се избегнат ако снабдувачите на облачни услуги употребиле основни методи за кибер-безбедност“.

Според официјалното лице, тоа е „уште еден доказ дека Русија се стреми да добие долгорочни системски пристап до различни технолошки алки за снабдување и да создаде механизам за следење, сега или во иднина, а таквата цел е во интерес на владата на Русија“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он