„Мајкрософт“ потврди упад на хакери во приватни мејлови од Аутлук

Од:

„Мајкрософт“ потврди дека хакери успеале да пристапат до корисниците на приватна пошта на Аутлук.

Американскиот производител на софтвер почна да ги информира корисниците дека хакери упаднале во нивните налози со месеци наназад.

Соопштението на „Мајкрософт“ открива дека хакерите можеле да ги видат имињата на фолдери во мејловите, додека во ново следно известување се укажува дека хакерите можеле да ја прочитаат содржината на пораките.

Портпарол на „Мајкрософт“ изјави дека хакерите имале пристап до мејловите од 1 јануари до 28 март 2019 година.
Од друга страна, компанијата „Мадербоард“ тврди дека хакери имале пристап до некои налози во изминатите шест месеци, и притоа поништувале лозинки на АјКлоуд сметки поврзани со украдени Ајфон уреди.

„Мајкрософт“ не соопшти колку налози биле погодени од тој хакерски напад.

Би можело да ве интересира

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Кинеските хакери имале пристап до одредена американска инфраструктура најмалку пет години

Кинески хакери нападнале стотици домашни рутери во САД и ги користеле за шпионирање

Хакиран Мајкрософт, тврдат дека нападот потекнува од Русија

А1он

Хакери го нападнаа српското Електростопанство, украдените податоци ги објавуваат на интернет

А1он