Мадуро: Подготвени сме за продолжување на директни разговори со САД

Од:

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека властите во неговата земја се подготвени да продолжат со директните разговори со идната американска администрација.

-Ќе работиме за повторно отворање на каналот за пристоен, искрен и директен дијалог меѓу идната американска Влада и Венецуела, на чие чело сум јас, рече Мадуро.

Тој, исто така, додаде дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за две години на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо му платила 800 милиони долари.

Мадуро додаде дека само пет минути откако американските медиуми објавија дека Бајден победил, Гуаидо му свртел грб на Трамп.

Кризата во Венецуела ескалираше во јануари 2019 година кога Гуаидо, кој е и претседател на венецуелското Собрание, се прогласи за привремен претседател и кога повеќе земји, вклучително и САД, го признаа.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност