Мадрид ќе организира голема прослава за дочек на Нова година

Од:

Шпанската престолнина Мадрид ќе организира голема прослава за дочек на Новата година, со што ќе биде единствениот голем град во Шпанија и еден од ретките во Европа што, во услови на пандемија, на овој начин ќе го прослави влегувањето во 2022 година.

Ваквата одлука на Мадрид доаѓа откако Берлин, Лондон, Париз и Рим ги откажаа традиционалните свечености, потсетува Си-Ен-Ен.

Организаторите во Мадрид ја ограничија прославата на плоштадот „Пуерта дел Сол“ во центарот на градот на 7.000 луѓе, што е приближно 60 отсто од публиката што се очекуваше во 2019 година, пред пандемијата на Ковид-19. Сепак, присутните ќе мора да носат маски за лице и да ги почитуваат правилата за физичко дистанцирање, соопштија организаторите.

Шест регионални влади во северна Шпанија претходно се согласија да ги координираат напорите за порано затворање на рестораните, баровите и ноќните клубови. Во ситуација на пандемија и во обид да ги натераат луѓето да останат во своите домови, Барселона и Валенсија ги откажаа огнометите.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски