МААЕ верува дека Иран ги зголемува нуклеарните резерви

Од:

Организацијата за атомска енергија на Обединетите нации соопшти дека верува оти Иран дополнително ги зголемил залихите на високо збогатен ураниум прекршувајќи го договорот со светските сили од 2015 година.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска во својот доверлив квартален извештај им соопшти на земјите-членки дека Иран, според проценките, има резерви од 17,7 килограми ураниум збогатен до 60 отсто, што е речиси осум килограми повеќе отколку во август.
Таков високо збогатен ураниум може да се користи за производство на атомско оружје, поради што светските сили се обидуваат да ја ограничат нуклеарната програма на Техеран.

Агенцијата со седиште во Виена ги информираше членовите дека сè уште не може да ги потврди точните залихи на збогатен ураниум во Иран поради ограничувањата што Техеран им ги наметна на инспекторите на ОН претходно оваа година.

Шефот на МААЕ Рафаел Гроси во понеделник ќе отпатува за Иран на разговори за нуклеарната програма на земјата, објавија денеска медиумите во Техеран.

Иран ги ограничи меѓународните инспекции на неговите нуклеарни постројки од 23 февруари.

Земјата започна да го ограничува надзорот над нуклеарните постројки за да изврши притисок врз администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да ги укине санкциите наметнати од претходната администрација на Доналд Трамп.

Преговорите меѓу Иран и меѓународната заедница за ограничување на иранската нуклеарна програма во замена за ублажување на санкциите се во застој од јуни.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел