МААЕ е подготвена за проверка на договорот со Иран, откако тој ќе биде финализиран

Од:

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) е подготвена да пристапи кон проверка на договорот меѓу Иран и земјите од групата пет постојани земји членки на СБ на ОН и Германија, веднаш откако тој ќе биде потпишан, изјави генералниот директор на МААЕ Јукија Амано, кој го поздрави резултатот од преговорите во Лозана, јави ТАСС.

– Со одобрение на Управниот одбор на МААЕ агенцијата ќе биде подготвена да ја исполни својата улога за проверка на исполнувањето на мерките, кои се однесуваат на контролата на нуклеарната програма, откако договорот ќе биде финализиран, се наведува во соопштението на Амано.

Висок претставник на Белата куќа изјави дека меѓународните преговори за нуклеарната програма со Иран работат на механизам, што ќе гарантира пристап на инспекторите на МААЕ до инсталации во Иран во случај на спор.

Би можело да ве интересира

Извештај на ОН: Иран е одговорен за насилството што доведе до смрт на Махса Амини

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Иран

Горан Наумовски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Иран ги осуди последните напади на САД и Велика Британија врз Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Раиси: Иран ќе продолжи мирно да ја развива својата нуклеарна програма

Горан Наумовски