Лула де Силва официјално ќе се кандидира за претседателските избори во Бразил

Од:

Поранешниот бразилски претседател Луис Инасио Лула да Силва од Работничката партија (ПТ) денеска и официјално соопшти дека ќе се кандидира на претседателските избори на 2 октомври, јави ДПА.

-Нашиот суверенитет и демократија постојано се напаѓани од неодговорната и криминална политика на актуелната власт, ​​рече Лула денеска на настан во Сао Паоло,, на кој се собраа политичките лидери и поддржувачи за официјално да ја лансираат коалицијата предводена од Лула, а во која Џералдо Алкмин ќе трча како негов потпретседател.

Алкмин, од Бразилската социјалистичка партија (ПСБ), потрсетува германската агенција, е поранешен гувернер на државата Сао Паоло, кој во 2006 година загуби на претседателските избори токму од Лула, а тогаш беше кандидат на конзервативната партија ПСДБ.

-Бразил ќе има можност да одлучи што ќе биде во следните неколку години. Земјаа на демократијата или на авторитаризмот, на знаење и толеранција или на замрачување и насилство, рече Лула де Силва.

Тој беше на функцијата претседател на Бразил од 2003 до 2010 година, извлекувајќи милиони луѓе од тешката сиромаштија со социјални програми. За време на неговиот мандат, Бразил забележа големи економски придобивки. Меѓутоа, неговата влада, исто така, беше поткопана од корупцијата, која процвета под неговото претседателство.

Во 2018 година, Лула беше осуден на 12 години затвор за корупција и перење пари и не можеше да се кандидира против десничарскиот претседател Жаир Болсонаро.

Казната, меѓутоа, Врховниот суд му ја укина минатата година и на Лула му беа вратени политичките права. Последните анкети покажуваат дека Лула води со 44 отсто од гласовите, наспроти Болсонаро со 31 отсто.

Ова, сепак, не би било доволно за да се обезбеди победа во првиот круг, бидејќи на кандидатот му требаат најмалку 50 отсто од гласовите. Вториот круг е закажан за 30 октомври.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

Мистерија за убиениот Србин во Бразил: Член на Шкаљарскиот клан, кој беше убиен пред семејството

А1он

(ВИДЕО) Најмалку 25 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Бразил

Горан Наумовски

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски