Лукашенко потпиша закон со кој се дозволува смртна казна за државните службеници за кривично дело велепредавство

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска потпиша закон со кој се дозволува смртна казна за државните службеници за кривично дело велепредавство.

Како што се наведува, овој закон е донесен како дел од измените на кривичниот законик со цел зајакнување на борбата против „злосторствата на екстремистите, тероризмот и антидржавната ориентација“.

Законот ја проширува кривичната одговорност за велепредавство извршено од службено лице на сите лица кои вршат државни должности. Воведена е парична казна за голем број кривични дела против државата.

Воведена е кривична одговорност за пропаганда на тероризам, дискредитација на вооружените сили, други трупи и воени единици, милитаризирани организации, како и за откривање државни тајни.

Во исто време, законот ја укинува кривичната одговорност за лицата кои планирале напад врз институции кои уживаат меѓународна заштита или чин на саботажа, доколку се откажат од таа намера и помогнат во спречување на споменатите кривични дела.

Би можело да ве интересира

Лукашенко пристигна во Москва, ќе се сретне со Путин

Лукашенко: Белорусија се подготвува за војна, иако сака мир

Лукашенко: Извршителите на нападот во Москва прво се обиделе да побегнат во Белорусија

Белорускиот претседател го потпиша законот со кој доби доживотен имунитет од кривично гонење

Лукашенко: Украина и Русија се во ќор-сокак, никој не може да ја зајакне позицијата

Катерина Ѓуровски

Лукашенко: И наредив на владата да ги обнови контактите со Полска