Лукашенко: Нема да го дадеме Казахстан според украинското сценарио

Од:

Казахстан не смее да им се предаде на надворешните сили според украинското сценарио, изјави денеска белорускиот претседател, Александар Лукашенко.

-Јасно е дека не смееме да го дадеме Казахстан, бидејќи тоа ќе биде подарок, како Украина за Америка, за НАТО. Затоа сакам да разберете зошто е донесена одлуката за испраќање мировници, рече Лукашенко, пренесен од руските медиуми.

ДПА вечерва соопшти дека освен Русија мировници во Казахстан ќе распоредат и другите екс-советски членки од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) – Белорусија, Таџикистан, Ерменија и Киргистан, во обидот да помогнат да се стави крај на неколкудневните смртоносни антивладини протести во оваа централноазиска поранешна советска република, каде што илјадници луѓе беа уапсени во поранешниот главен град Алмати.

Дел од руските елитни падобрански единици денеска веќе пристигнаа во мировната мисија, откако тоа го побара претседателот на Казахстан, соопшти Организацијата на Договорот за колективна безбедност (CSTO), воена алијанса од поранешните советски републики, што е предводена од Русија.

ДПА пренесе дека ерменскиот премиер Никол Пашинјан на Фејсбук напиша дека нивните војници треба да бидат распоредени во Казахстан во многу ограничен временски период „за да се стабилизира и нормализира ситуацијата во земјата“.

Би можело да ве интересира

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски