Лукашенко го обвини ривалот Бабарико за корупција

Од:

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, го обвини својот политички ривал Виктор Бабарико за корупција, но негираше дека се обидел да го спречи да се кандидира на претседателските избори во август.

Бабарико е поранешен директор на локалниот огранок на руската „Газпромбанк“, чии канцеларии вчера беа претресени, како дел од истрагата за затајување данок.

Тој рече дека истрагата е дел од политичкиот притисок врз него. Лукашенко негира дека случајот има врска со изборите, но рече дека Бабарико не може да ги измие рацете од обвиненијата и да ги обвинува другите службеници во банката.

„Тоа што најмногу ме нервира е што овој никаквец, бидејќи не можам да поинаку да го наречам, вели: јас немам никаква врска со тоа, другите се виновни,“ рече Лукашенко, пренесен од локалните медиуми.

Лукашенко кажа дека 15 лица се приведени во случајот против „Гаспромбанк“.

„И јас сакам тој да излезе на избори. Но, нема да го направиме затвореник на совеста,“ рече Лукашенко.

Би можело да ве интересира

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“

Украинците тврдат дека спречиле упад на руски диверзанти од Белорусија

Катерина Ѓуровски