Лукашенко: Белорусија не им се заканува на соседите со нуклеарно оружје или со Вагнер

Од:

Белорусија не им се заканува на соседите со нуклеарно оружје или единици на руската паравоена формација Вагнер, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Ние не мавтаме со нуклеарно оружје, ниту со единици на Вагнер или што било друго – никому не се закануваме“, рече Лукашенко на церемонијата одржана по повод Денот на националното единство.

По разговорите со партнерите од Летонија, Литванија и Естонија на 28 август, полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински побара групата Вагнер веднаш да ја напушти Белорусија и предупреди дека неговата земја и балтичките земји ќе ги затворат сите гранични премини со Белорусија во случај на сериозен инцидент.

Би можело да ве интересира

Украина: Русите вчера загубија стотици војници

Украина: Досега уништивме 5.000 руски беспилотни летала

Пукна нафтовод во западна Украина, избувна голем пожар

Горан Наумовски

Медведев: Нема да застанеме додека не ги ослободиме старите руски земји

Русија регрутира сиромашни Кубанци да се борат во Украина

Горан Наумовски

Киев: Западот мора да ни каже колку долго ќе трае поддршката