Луѓето од осум села во Шпанија евакуирани поради шумски пожари

Од:

Повеќе од 650 луѓе беа евакуирани од осум села во северозападна Шпанија откако шумски пожар зафати околу 9.000 хектари.

Најголемиот пожар поради високите температури избувна во делот на планинскиот венец Сиера де Кулебра во провинцијата Замора.

Помали пожари зафатија делови од провинциите Толедо, Сарагоса и Леида.

Градоначалникот на Лајадур, Даниел Ровира, го опиша пожарот од 2.000 хектари во Леида како брутален и рече дека може да се прошири на 50.000 хектари доколку итно не се стави под контрола.

Во повеќето делови на Шпанија денеска е прогласен „висок ризик“ од шумски пожари, бидејќи температурата во земјата шести ден по ред е многу висока за овој период од годината. Во многу градови се евидентирани над 40 степени Целзиусови.

Надлежните очекуваат дека силните горештини ќе почнат да стивнуваат во недела.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски