Луганск: Референдум во две фази на 11 и 18 мај

Од:

Проруски активисти донесоа одлука за одржување на референдум  во две фази за статусот на Луганската област во источниот дел на Украина, на границата со Русија.

На референдумот предвиден за 11 мај ќе биде поставено прашањето за задржување на досегашниот статус на областа или за нејзина автономија, а на 18 мај жителите ќе одлучат дали сакаат независна држава или влез во составот на Русија.

ИТАР-ТАСС наведува дека е предвидено одржување на народни собири за одредување на референдумските прашања. Валериј Болотов е избран за „народен гувернер“.

Според соопштението на Главното обвинителство на Украина, неодобрените митинзи и повици за локален референдум имаат сепаратистички карактер и ќе бидат предмет на истражна постапка.

Би можело да ве интересира

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

Вашингтон пост: Путин сака да ја контролира Украина

Руте повика на нормализација на односите со Русија

Зеленски: Унгарија е единствената земја што го блокира членството на Украина во ЕУ

Руте: Земјите-членки на НАТО мора да произведуваат повеќе оружје