Лотарија со награди од еден милион долари ја стимулира вакцинацијата во Охајо

Од:

Американската сојузна држава Охајо ќе им додели парични награди од еден милион долари на пет случајно избрани лица кои се вакцинирани против Ковид-19 во рамки на лотарија спроведена со цел да се надмине слабиот одѕив за имунизација што претставува проблем во САД, објави Би-Би-Си.

Гувернерот на Охајо, Мајк ДеВајн изјави дека само полнолетните граѓани кои се вакцинирани ќе можат да учествуваат во извлекувањето. Првото извлекување е закажано за 26 мај.

ДеВајн истакна дека наградите ќе бидат исплатени од фондовите за борба против коронавирусот на федералната Влада.

Во САД досега 58,7 отсто од возрасната популација примиле по една доза од вакцините против коронавирусот.

– Знам дека некои ќе речат:„ДеВајн, ти си луд!, напиша гувернерот на Охајо на Твитер, најавувајќи ја лотаријата во државата.

Охајо нуди и лотарија за вакцинирани жители на возраст под 18 години. Наместо еден милион долари, тие можат да освојат целосна четиригодишна стипендија на еден од државните универзитети во Охајо, наведува Би Би Си.

За да се убедат оние кои се уште не одлучиле дали да се вакцинираат, во различни делови на САД се нудат привлечни подароци – вклучувајќи пиво, крофни, билети за спортски настани и парични награди.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД