Лондонскиот градоначалник бара да се забрани одење по гости во време на пандемија

Од:

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, побара од британскиот премиер Борис Џонсон да им забрани на луѓето од различни домаќинства да се мешаат, како дел од рестриктивните мерки за британскиот главен град со цел да се запре ширењето на Ковид-19.

„Една од работите што му ги реков на премиерот е дека мислам дека треба да следиме што се случува во државата и да престанеме со социјално мешање на домаќинствата“, изјави Кан во интервју за британски „Гардијан“.

„Јас го велам тоа со тешко срце“, истакна тој.

Анализите на британските здравствени власти покажуваат дека одењето на гости кај пријатели и роднини е еден од најчестите начини на кои вирусот се шири во земјата.

Британија вчера забележа рекорден број на нови случаи на Ковид-19 во 24 часа.

Би можело да ве интересира

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

А1он

Во Брисел продолжен полицискиот час, заштитни маски задолжителни насекаде

А1он

Шпанските региони ја повикаа шпанската Влада да воведе вонредна состојба

А1он

Нови рекордни бројки на новозаразени во Србија, БиХ и Словенија

А1он

Во САД рекордни над 83.700 новозаразени од Ковид-19 од почетокот на епидемијата

А1он

Бојко Борисов во изолација откако бил во контакт со заразен заменик-министер

Жарко Настоски