Лондонската полиција уапси 113 демонстранти

Од:

Британската полиција уапси 113 лица откако активисти против климатски промени блокираа неколку од најпознатите лондонски знаменитости меѓу кои Оксфорд Циркус, Марбл Арч и Ватерло Бриџ, во обид да ја принудат Владата да направи повеќе во борбата против климатските промени.

Протестите, кои ги предводи британската активистичка група „Бунт против истребување“, денеска целосно блокираа делови од центарот на Лондон, а некои демонстранти останаа на улиците и во текот на ноќта со цел денеска да продолжат со протестите.

„Бунт против истребување“, која месецов заврши на насловните страници на весниците по протестот на нејзините полуголи активисти во Долниот дом на Парламентот, бара од Владата да прогласи вонредна состојба во борбата за почиста животна средина и емисијата на гасови со ефект на стаклена градина до 2025 година да ја сведе на нула.

– Уапсени се вкупно 113 луѓе, од кои повеќето го прекршија членот 14 од Законот за јавен ред од 1986 година и предизвикаа прекин во градскиот сообраќај, соопшти лондонската полиција.

Би можело да ве интересира

Велика Британија ќе привлекува висококвалификувани работници со бодовен имиграциски систем

Ана Ололовска

Британската банка ХСБЦ отпушта 35.000 вработени

Ана Ололовска

Садик Кан со барање жителите на Лондон да го задржат европското жителство

Ана Ололовска

Најмалку три жртви во невремето Денис во Велика Британија

Ана Ололовска

Советник на Борис Џонсон поднесе оставка поради расистички коментари

Ана Ололовска

ВИДЕО: Слетување на Ербас при силна бура

Ана Ололовска