Лондон: Русите имаат се поголеми проблеми со воените дронови

Од:

Британското воено разузнавање во најновиот извештај за војната во Украина наведува дека украинската армија во текот на викендот продолжила со противнапади во окупираниот регион Херсон,

На западниот брег на реката Дњепар вчера биле забележани руски воени дронови 27 пати, што е пад во однос на просечните 50 пати, колку дневно беа регистрирани во август.

Украинските сили на 21 август соопштија дека собориле три руски дронови Орлан-10.

Поради загубите на беспилотни летала во борбите, Русија најверојатно ќе има проблеми со одржувањето на резервите на воени беспилотни летала, што дополнително е отежнато од недостатокот на компоненти поради меѓународните санкции. Ограничената достапност на извидувачки дронови веројатно ја намалува тактичката предност на руските команданти и ги попречува руските воени операции, се посочува во извештајот.

Руската воена доктрина изминатите години се повеќе се потпира на употребата на беспилотни летала, посебно за лоцирање на мети и наведување на артилериските напади.

Британските воени разузнавачи истакнуваат дека дроновите се ранливи на директен оган, но и на електронско попречување.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ