Лондон: Русија и Кина се голема закана за кибер-безбедноста на Велика Британија

Од:

Националниот центар за кибер-безбедност на Велика Британија (NCSC) смета дека Русија и Кина претставуваат најголема опасност за земјата во однос на кибер-нападите.

Ова стои во годишниот извештај на специјалната служба при Центарот за владини комуникации на Обединетото Кралство објавен денеска.

„НЦСЦ со години работи со партнери ширум светот за да ги регистрира и спречи заедничките закани, од кои најсистемските доаѓаат од Русија и Кина. Покрај директните закани за кибер-безбедноста од Русија, стана очигледно дека многу членови на организирани криминални групи кои вршат напади со рансомвер вируси врз западните структури се со седиште во Русија. Кина е многу софистициран играч во кибер-просторот со растечки амбиции да го прошири своето влијание надвор од сопствените граници, како и со јасен интерес за трговските тајни на Британија“, се вели во извештајот.

Во документот се нагласува дека зајакнувањето на кибер-безбедноста на земјата во следната деценија веројатно во голема мера ќе зависи од развојот на кинеските алатки. Во извештајот, исто така, се вели дека Иран и Северна Кореја „иако во поблаг облик од Русија и Кина, продолжуваат да прибегнуваат кон кибер-напади за да ги постигнат своите цели, вклучително и преку кражба и саботажа“.

НЦСЦ уште еднаш тврди дека Руската служба за надворешно разузнавање најверојатно стои зад пробивот во софтверот на американската компанија SolarWinds.

Во обработениот период од 1 септември 2020 година до 31 август 2021 година, НЦСЦ регистрирал 777 инциденти во кибер-просторот, што е за 54 случаи повеќе од претходниот период. Околу 20 отсто од организациите кои побарале помош за кибер-напади работат во здравството и фармацијата.

Би можело да ве интересира

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он