Лондон по Брегзит ќе воведе нов имиграциски систем

Од:

Британскиот министер за внатрешни работи Саџид Џавид најави дека по истапувањето од ЕУ, Велика Британија ќе воведе нов имиграциски систем, чија задача ќе биде да ја сведе имиграцијата во земјата на „одржливо ниво“.

Според Џавид, новиот систем, со кој ќе се спречи слободното движење на луѓе од другите земји членки на ЕУ, ќе вклучува и нови визни правила за квалификувани работници, но нема да предвидува ограничувања за влез во земјата на високо квалификувани стручни лица, како лекари или инженери.

– Тоа ќе биде единствен имиграциски систем базиран на квалификациите, талентот и стручноста што луѓето може да ги донесат, а не на тоа од каде доаѓаат тие, изјави Џавид.

Токму стравувњата од долгорочните последици на миграцијата врз социјалниот систем и економијата, особено по приливот на работници од посиромашните членки на ЕУ од Источна Европа, беа еден од мотивите на мнозинството Британци на референдумот во 2016 година да гласаат за истапување на Велика Британија од Унијата.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници