Лондон одби да купи вакцини од Валнева

Од:

Велика Вританија тврди дека „француската компанија ги прекршила своите обврски според договорот за набавка на вакцини, но таа категорично ги отфрла таквите наводи“, се наведува во соопштението на компанијата Валнева.

За разлика од повеќето висококвалитетни вакцини против Ковид-19, кои користат различни методи за стимулирање на имунолошкиот систем за борба против коронавирусот, VLA2001 на Валнева се базира на „инактивирана“ верзија на самиот коронавирус.

Лабораторијата посочи кон крајот на август дека, врз основа на фазите 1 и 2 од испитувањата, се надева оти ќе развие вакцина која е повеќе од 80 проценти ефикасна. Велика Британија имала порачано 100 милиони дози од вакцината за 2021-2022 година.

Француската компанија денеска соопшти дека договорот и дава право на британската Влада да го откаже договорот, а Валнева добила „известување за прекин на зделката од страна на Обединетото кралство“.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он