Лондон објави пакет од 16 санкции против руски команданти и ирански бизнисмени вклучени во набавка на воени беспилотни летала

Од:

Велика Британија објави нов пакет од 16 санкции насочени кон командни офицери на руската армија и ирански бизнисмени, соопшти денеска Владата во Лондон.

Одлуката доаѓа во мигови на засилени руски напади врз Украина, насочени кон клучната енергетска инфраструктура.

Новите санкции се насочени кон „високи руски функционери поради нивната улога во руската армија и нејзината нехумана, неиспровоцирана инвазија на Украина“, како и против „команданти на воени единици вклучени во ракетни напади врз украински градови”.

Во соопштението се наведува дека „санкциите се фокусираат и кон ирански бизнисмени и воен функционер, вклучени во производство и/или набавка на воени беспилотни летала што се користат за извршување напади.

„Велика Британија е со Украина. Пресметливите напади на руските сили врз градови и невини цивили во Украина нема да останат без одговор“, рече министерот за надворешни работи, Џејмс Клеверли.

Тој додаде дека иранскиот режим кој „склучува валкани договори со рускиот претседател Владимир Путин во очајнички обид да преживее“ е се поизолиран, соочен со повици за промени од сопствениот народ.

„Путин сака да го скрши духот на Украина, но нема да успее. Украина ќе победи, Украина ќе се обнови“, рече Клеверли.

Лондон исто така соопшти дека санкциите вклучуваат поединци кои го олеснуваат производството беспилотни летала, вклучително и ко-сопственикот и извршен директор на компанијата „МАДО“ што произведува мотори за дронови какви што Русија користи во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот