Лондон: Ќе преземеме се за да се заштити мирот во Северна Ирска

Од:

Британските власти денеска соопштија дека ќе ги преземат сите неопходни чекори за да го заштитат мирот во Северна Ирска и ја повикаа Европската унија да покаже уверливост во преговорите за решавање на проблемите со трговските правила по Брегзит.

Лондон и Брисел со месеци се обидуваат да го надминат ќорсокакот околу договорот што последователно создаде царинска граница меѓу Северна Ирска и остатокот од Велика Британија.

Британија сака целосна ревизија на договорот, додека ЕУ бара измени во рамките на одредбите од постојниот договор.

„Ќе продолжиме да разговараме со ЕУ, но нема да дозволиме тоа да застане на патот на заштитата на мирот и стабилноста во Северна Ирска“, се вели во британскиот документ објавен денеска заедно со новата владина законодавна агенда.

Застојот околу таканаречениот северноирски протокол го блокира формирањето на нова извршна власт таму по минатонеделните избори.

Велика Британија наведе дека може да биде принудена да дејствува еднострано за да избегне ескалација на политичките тензии кои би можеле да го загрозат мирот од 1998 година, кој стави крај на децениското насилство.

Тајмс вчера објави дека британската министерка за надворешни работи Лиз Трас се подготвува да отфрли големи делови од Протоколот за Северна Ирска откако се откажа од преговорите со европската страна.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он