Лондон и Брисел почнуваат нова рунда од преговорите за меѓусебните односи по Брегзит

Од:

Лондон и Брисел денеска, без ентузијазам , ги продолжуваат преговорите за меѓусебните односи по Брекзит, откако во првите две рунди од преговорите не беше постигнат голем напредок и во време кога вниманието е насочено кон пандемијата на коронарен вирус.

Преговорите, што ќе траат една недела, почнуваат попладнево со пленарна видеосесија, во присуство на главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние и неговиот британски колега Дејвид Фрост.

Последната рунда, што се одржа на крајот на април, заврши со изјава за неуспех, а со неа се прошири и неизвесноста дека Лондон и Брисел ќе можат да постигнат договор, како што беше планирано, до крајот на годинава.

На крајот од втората рунда преговори, Барние изрази жалење што Велика Британија не сака сериозно да се вклучи околу еден број темелни точки од преговорите. Токму оваа забелешка минатата недела и ја упати на Велика Британија европскиот комесар за трговија, Фил Хоган, преку ирскиот печат.

-Нема вистински знак дека нашите британски пријатели влегуваат во преговори со план тие да успеат, рече Хоган.

Британците, кои официјално ја напуштија ЕУ на 31 јануари, влегоа во преоден рок до крајот на годината, за чие време ќе продолжат да ги применуваат регулативите на ЕУ.

Преговарачите во јуни треба да одлучат дали да го продолжат тој период за да се овозможи повеќе време за преговори. Сепак, Лондон категорично ја отфрла оваа идеја, дури и кога епидемијата на коронавирусот ги наруши роковите за преговори, како и формата во која се спроведуваат, отсега исклучиво преку видео-врска.

Портпаролот на британската Влада објасни дека продолжувањето на рокот само ќе ја продолжи неизвесноста на компаниите и ќе значи дека Велика Братанија треба да инвестира нови средства во буџетот на ЕУ.

За разлика од Европејците кои сакаат да имаат единствен договор за целокупниот однос меѓу двете страни, Велика Британија сака да има само класичен договор за слободна трговија, сличен на оној што го склучи со Канада, и за тоа кога подоцна може да се преговара за помали договори по сектори.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он