Локални избори во Грузија: Води владејачка партија Грузиски сон

Од:

Владејачката партија Грузиски сон, според околу 38 проценти од пребројаните гласови, води на локалните избори во Грузија.

Досега тие освоија 48,56 проценти од гласовите, објави грузиската Изборна комисија, пренесува ТАСС.

Грузијците гласаа на локалните избори вчера, ден по апсењето на главниот опозиционер, поранешниот претседател Михаил Саакашвили, веднаш по неговото враќање од егзил.

Обединетото национално движење на Саакашвили, главната опозициска партија, досега освои 31,23 проценти од гласовите.

Партијата За Грузија на поранешниот премиер Георги Гакари освои 6,87 проценти.

Грузија има околу 3,5 милиони регистрирани гласачи кои вчера гласаа на 3.700 избирачки места.

На власт од 2012 година е партијата Грузиски сон, основана од најбогатиот човек во Грузија, Биџина Иванишвили, која е обвинета за користење кривични постапки за замолчување на опозицијата и новинарите.

Би можело да ве интересира

Грузија сака да воведе закон за странски агенти

Новинар на РТ беше приведен од грузиските власти на аеродромот, а рускиот пасош му беше одземен

Грузиските фудбалери ја победија Грција и обезбедија пласман на ЕП

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Вооружен напаѓач уби четири лица на пазар во Грузија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ќерката на Лавров предизвика хаос во Грузија: Дојде на свадба, мораше да ја напушти земјата со полициска придружба

Катерина Ѓуровски