Лофвен: Ја потценивме виталноста на новиот коронавирус

Од:

Премиерот на Шведска, Стефан Лофвен денеска изјави дека експертите кои за време на првиот бран од пандемијата, кои се залагале да не се воведуваат рестриктивни мерки, ја потцениле виталноста на Ковид-19.

– Мислам дека многумина не видоа каков бран се надвива над нас, истакна Лофвен во интервју за шведскиот дневен весник Афтенпостен.

Шведската агенција за статистика соопшти дека во ноември се евидентирани вкупно 8.088 смртни случаи, што е најголема смртност во Шведска од првата година од пандемијата на Шпанскиот грип, кога се евидентирани над 16.000 починати.

Во Шведска до денеска се забележани 320.098 инфицирани лица и 7.514 починати од последици на Ковид-19. Бројот на смртни случаи во Шведска е значително поголем во споредба со другите скандинавски држави.

Во Шведска воведени се рестриктивни мерки и забрана за јавни собири.

Би можело да ве интересира

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност

Шведска го испраќа најголемиот пакет помош на Украина