Лоцирани се двете црни кутии од „боингот“ што се урна во морето кај Џакарта

Од:

Лоцирани се двете црни кутии од „боингот“ на индонезиска авиокомпанија што се урна во морето во близина на главниот град Џакарта, со 62 лица.

Информацијата денеска ја објави безбедносниот одбор на индонезиското Министерство за транспорт.

„Ја локализиравме позицијата на двете црни кутии“, рече шефот на безбедносниот одбор.

„Нуркачите ќе почнат да ги бараат и се надевам дека тоа нема да трае долго“, додаде тој.

Претходно, спасувачите извлекоа делови од човечки тела, облека и парчиња метал од површината на водата. Локални рибари и вчера непосредно по несреќата пронашле делови од авионот кои пловеле во водата и тие се испратени на испитување.

Пресвртна точка во потрагата по авионот на компанијата „Сривиџаја ер“ беше кога сонарот од воен брод, вклучен во потрагата, го откри сигналот од локаторот на авионот на местото за кое се верувало дека е место на несреќата.

Сепак, сè уште не е познато ништо за причините за падот на авионот, кој, најверојатно, никој од патниците и членовите на екипажот не го преживеал, пренесува „Асошиејтед прес“ (АП).

Во авионот имало 62 лица, од кои седум деца и три бебиња. Шестмина биле членови на екипажот.

Авионот „боинг 737-500“, на компанијата „Сривиџаја ер“, вчера непосредно по полетувањето во 7 часот и 40 минути, паднал во морето откако нагло ја изгубил висината и набргу по полетувањето од индонезиската престолнина го загубил контактот со контролата на летање и исчезнал од радарите. Станувало збор за домашен лет од Џакарта за Понтијанак.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Индонезија: Еруптираше вулканот Марапи, автомобилите и патиштата прекриени со пепел

Горан Наумовски