Љубов без граници: Пешачел 12 километри за да најде бубрег за сопругата

Од:

Вилијам Лари Свилинг од Гринвил пешачел 12 километри во потрага за бубрег, што под итно и треба на неговата сопруга.

„Сакам само бубрег што ќе ја спаси мојата сопруга, ништо повеќе“, рекол Вилијам кој цел ден на грбот носел натпис на кој пишувало дека бара бубрег за својата жена и неговиот број на телефон.

Цела заедница е запрепастена од упорноста на Вилијам да го спаси животот на својата жена. Вилијам и неговата сопруга Џими Су во брак се веќе 55 години. Меѓутоа ниту тој, ниту нивните три деца немаат крвна група што одговара и затоа не можат да донираат бубрег.

Знам дека Вилијам ќе направи се за да ми помогне“, рече неговата сопруга, која е родена само со еден бубрег. Поради компликации треба да оди на дијализа и на операција на бубрегот меѓутоа стравува дека нема да најде соодветен донор на време.

Семејството ги одби понудите со парични донации. Кажаа дека само сакаат да најдат бубрег што ќе и одговара на Џими Су и многу повеќе време да останат заедно.

„Имам чувство дека сега ја сакам повеќе отколку кога се зедовме. Затоа што ние двајцата не сме двајца, ние сме едно“, рече со солзи во очите Вилијам.

Би можело да ве интересира

САД паднаа на второ место, Сингапур е најконкурентна економија во светот

Трамп: Работиме на воведување силни санкции за Турција

Калифорнија забранува производство и продажба на крзна

Трамп им наложи на американските војници во Сирија да се повлечат кон југ

Путин: Русија може да игра клучна улога на Блискиот исток

Саудиска Арабија одобри влез на нови трупи од САД

Leave a Comment

five × three =