Лиз Трас: Русија е закана и за Молдавија

Од:

Западните сојузници разгледуваат овозможување долгорочна воена поддршка за Украина, која би можела да вклучи поддршка за Молдавија која не е членка на НАТО, рече британската министерка за надворешни работи Лиз Трас во интервју објавено денеска.

„Москва е „апсолутно“ закана за Молдавија бидејќи претседателот Владимир Путин се обидува да ја обнови Голема Русија, изјави таа за Дејли Телеграф. Како можеме да гарантираме дека Украина ќе биде во состојба постојано да се брани и како можеме да обезбедиме тоа да се случи? Ова е она на што работиме сега. И ова важи и за другите ранливи земји како Молдавија. И бидејќи заканата од „Русија е повторно поголема, ние исто така треба да се погрижиме тие да бидат опремени според стандардите на НАТО“, објасни министерката.

Пред еден месец, серија експлозии го погодија сепаратистичкиот регион Придњестровје, поддржан од Русија, што ги зголеми стравувањата од ширење на војна од соседна Украина. На 4 мај, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, вети дека ќе ја зголеми воената помош на ЕУ за Молдавија, која во март ја поднесе својата кандидатура за пристап во Алијансата.

Би можело да ве интересира

Белорусија од Русија ќе добие ракетен систем Искендер-М

Петмина загинати при падот на рускиот воен транспортен авион

А1он

Блинкен: Војната на Русија ќе доведе до глад 40 до 50 милиони луѓе

А1он

ВИДЕО: Се урна руски воен авион, загинаа четири лица

Ана Ололовска

Санду: Историски ден за Молдавија

А1он

ЕУ им додели кандидатски статус на Украина и Молдавија

А1он