Литванија: Науседа и Симоните одат во вториот круг од претседателските избори

Од:

Во вториот круг од претседателските избори во Литванија одржани вчера, според првичните резултати, влегуваат економистот Гитанас Науседа и поранешната министерка за финансии Ингрида Симоните.

Тоа го покажуваат прелиминарни резултати врз основа на преброените гласови од 1.631 од вкупно 1.972 избирачки места.

Во првиот круг, Науседа освои 31,2 отсто од гласовите, а Симоните 27 проценти.

На актуелната претседателка, позната како балтичката „железна дама”, Далија Грибаускајте, и истекува вториот петгодишен мандат и не се кандидираше поради уставните ограничувања.

Претседателот на Литванија има надлежности да назначува судии, државен обвинител и директор на централната банка. Тој има можност да користи вето за закони и да ја обликува надворешната и безбедносната политика во соработка со Парламентот.

За време на гласањето, граѓаните, исто така, се изјаснуваа за уставниот амандман, со кој би им се овозможило на илјадниците Литванци, кои живеат во странство да имаат двојно државјанство.

Би можело да ве интересира

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Литванија затвори два гранични премини со Белорусија поради Вагнер

(ВИДЕО) НАТО самит на 150 километри од Русија: Вилнус претворен во воена тврдина

Катерина Ѓуровски

Литванија им забранува на Русите и на Белорусите да поседуваат оружје

Ана Ололовска

Литванија: Испратете системи за воздушна одбрана на НАТО

А1он

Литванија ќе биде подготвена да прими германска воена бригада до 2026 година

А1он