Литванија ја заврши оградата на границата со Белорусија

Од:

Литванија соопшти дека ја завршила изградбата на оградата долж границата со Белорусија за борба против илегалната миграција, за која Западот вели дека е поттикната од Минск.

dobivaj vesti na viber

Илегалната миграција се зголеми оваа година во Литванија, членка на ЕУ, на околу 4.200 мигранти, главно од Блискиот Исток и Африка, кои ја преминале границата од соседна Белорусија.

Бариерата, висока четири метри и направена од бодликава жица, се протега на околу 550 километри од границата меѓу двете земји.

Литванската премиерка Ингрида Симоните најави завршување на проектот и рече дека е „технички невозможно“ да се подигнат физички бариери долж целата граница, која минува преку езера, реки и мочуришта.

Симоните рече дека нејзината влада ќе продолжи со својата политика и ќе ја испита можноста за нејзино спроведување без воведување вонредна состојба.

Но, таа призна дека тоа ќе биде предизвик во однос на меѓународното право, велејќи дека нејзината земја има „многу работа“.

Во саботата литванските граничари одбија влез на 125 мигранти, што е најголем број од почетокот на годината.

Полицијата ги обвини белоруските колеги дека им помагале на мигрантите илегално да влезат во Литванија и дека ја оштетиле новата ограда.

Голем број мигранти претежно од Блискиот Исток минатата зима предизвикаа тензичен судир меѓу Полска и Белорусија. Подоцна Полска изгради челичен ѕид долж границата со Белорусија за да ги држи мигрантите надвор.

Би можело да ве интересира

Белоруската лидерка Калесникава од затвор ненадејно префрлена во болница

Украински разузнавачи: Лага е дека Белорусија ќе не нападне

А1он

Ненадејно почина белорускиот министер за надворешни работи

Ана Ололовска

Белорусија ја обвини Украина за воена провокација на границата

Ана Ололовска

Литванија: Испратете системи за воздушна одбрана на НАТО

А1он

Украина: Белорусија нареди печатење на 50.000 повици за мобилизација

Ана Ололовска