Литванија ги претстави своите приоритети во Стразбур

Од:

Финансиска стабилност, борба против невработеноста и соработка со соседите и стратегиските партнери се дел од приоритетите на Литванското претседателство со Европската унија, претставени во Стразбур од страна на претседателката на Литванија Далиа Грибаускаите, јави дописникот на МИА од Стразбур.

– Само со гарантирање на финансиската стабилност на Европа, со подобрување на компетитивноста и со зголемување на растот ние ќе можеме да создадеме нови работни места и да ја вратиме довербата на јавниста во европскиот проект, порача претседателката на Литванија.

Главните приоритети на литванското претседателство ќе бидеат зацврстување на економската и монетарната унија, конструкцијата на банкарската унија, стимулирање на економијата и создавање на работни места, исто како и склучување на договор за слободна размена со САД, Јапонија и соседите од средоземјето, како и потесна соработка со партнерите од истокот на Европа.

– Литванското претседателство доаѓа во моментот кога ние треба да се концентрираме да го одржиме дадениот збор, коментираше претседателот на Комисијата Жозе Мануел Баросо.

Жозеп Дол во името на народните партии, изрази надеж дека литванското претседателство ќе биде одлучувачка етапа во создаваето на вистинска европска заедница за енергија.

Тој исто така подвлече дека е потребно да се спроведе на дело постигнатиот договор за долгорочниот буџет на ЕУ и реформата на заедничката европска аграрна политика.

Според европратеникот Јоханес Свобода, успехот на претседателството ќе се мери според начинот на кој се брани социјалната димензија.

Пред европратениците претседателката на Литванија не зборуваше директно за процесот на проширувањето, освен што го поздрави приситигнувањето на 28-та држава членка на ЕУ – Хрватска.

Според Далиа Грибаускаите, условите за тоа беа тешки, но тоа докажува дека ЕУ е подготвена да ги дава и да прима, инсистирајќи на потребата Европа да остани отворена и верна на своите вредности.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески