Литванаците за три и пол дена собраа пари за да и купат на Украина воен дрон

Од:

Стотици Литванци ги здружија силите за да и купат напредно воено беспилотно летало на Украина во нејзината војна против Русија.

Потребните пет милиони евра беа собрани за само три и пол дена, главно во мали количини, за финансирање на купувањето на воениот дрон Bayraktar TB2, според Laisves TV, литванската интернет мрежа која ја покрена иницијативата.

„Пред да започне војната, никој од нас не мислеше дека ќе купуваме оружје. Но сега е нормално. Мора да се направи нешто за да се направи светот подобар“, рече Агне Беликаите (32), која испратила 100 евра веднаш штом почнала акцијата.

„Веќе некое време донирам за купување оружје за Украина. И ќе го правам тоа додека не победаме“, изјави таа за Ројтерс, додавајќи дека делумно е мотивирана од стравувањата дека Русија може да ја нападне Литванија.

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“