Линдмајер: Производителите да ги приспособат вакцините на омикрон

Од:

Производителите на вакцини против Ковид-19 треба да бидат подготвени на можноста дека ќе мора да ги приспособат своите производи за заштита од варијантата Омикрон, изјави денеска портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО), Кристијан Линдмајер.

Говорејќи на брифинг во Женева, тој рече дека Агенцијата се уште ја проучува преносливоста и сериозноста на новата варијанта, која е откриена во Јужна Африка.

„Силно се препорачува производителите на вакцини да почнат да планираат и дека веројатно ќе мора да ја приспособат постоечката вакцина“, рече Линдмајер.

Тој додаде дека „не треба да се чека да заѕвони алармот“.

Би можело да ве интересира

Британско истражување открива колку долго и силно штити бустерот од омикрон

Ана Ололовска

Драматични снимки од Брисел: Полицајци се сокрија во метро, демонстрантите фрлаа огради врз нив

Ана Ололовска

Марш против мерките за вакцинација во Вашингтон

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ескалираа масовните протести во Брисел против мерките, „летаа“ факели и солзавец

Ана Ололовска

12.159 новозаразени во Србија

Ана Ололовска

Русија регистрираше рекордни 63.205 случаи

Ана Ололовска