Лидерот на лабуристите побара оставка од Меј

Од:

Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин ја повика премиерката Тереза Меј да поднесе оставка, поради загубите, кои ги претрпе нејзината партија на вчерашните парламентарни избори.

– Таа загуби места на конзервативците, загуби гласови, ја загуби поддршката и довербата. Тоа е доволна причина да си оди и да и го отстапи местото на влада, која ефикасно ќе ги претставува луѓето на таа земја, рече Корбин.

Меј изјави дека Велика Британија има потреба од стабилност и таа ќе преземе одговорност да ја обезбеди, ако освои најмногу места во Парламентот.

– Ако се покажат како правилни прогнозите дека Конзервативната партија освоила најмногу места и веројатно најмногу гласови, на нас ќе падне задачата да го обезбедиме тој период на стабилност и точно тоа и ќе го сториме, рече Меј, откако беше реизбрана во својот округ Мејднхед.

Според излезна анкета, објавена по изборите, конзервативците го загубиле апсолутното мнозинство во Долниот дом на Параламентот.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он