Лидер на Хамас тврди дека Западниот Брег е сè поблиску до директен конфликт со Израел

Од:

Еден од лидерите на Хамас, Хусам Бедран изјави дека „окупираниот Западен Брег е блиску до директна конфронтација со Израел“, јави агенцијата Анадолија.

– Западниот Брег, од ден на ден e сè поблиску до директен и сеопфатен конфликт со Израел, напиша Бедран на својот профил на Твитер.

Осврнувајќи се на убиените Палестинци во градовите Хеброн и Селфит, на ескалацијата на тензиите во Месџид-и Акса и израелските затвори, на немањето политички исход и падот на економијата, тој рече дека сето тоа ја зголемува нивната мотивација за отпор.

– Ако Израел мисли дека нашиот народ ќе се откаже од отпорот поради внатрешната состојба на Палестина или меѓународна комплексност, нека знае дека ние сме народ кој не се предава, истакна Бедран.

Израелските војници вчера убија двајца Палестинци во градовите Хеброн и Селфит, кои се наоѓаат на Западниот Брег, потсетува Анадолија.

Израелската полиција вчера ги затвори портите на Месџид-и Акса во Ерусалим (Кудс), а исто така со звучни бомби интервенираше врз Палестинците коишто пред влезот Ел Есбат ја одржуваа вечерната молитва.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хамас објави снимка од киднапиран израелски заложник

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Ердоган се сретна со лидерот на Хамас и ги повика Палестинците на единство против Израел

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Катерина Ѓуровски