Лице од Тексас уапсено поради повици за убиство на државниот секретар на Џорџија

Од:

Министерството за правда на САД синоќа подигна обвинение против лице од Тексас кое преку оглас повикувало убиство на избрани официјални службеници на Џорџија, лани на 5 јануари ден пред нападот на Капитолот.

dobivaj vesti na viber

Ова е прв случај воден од новиот оддел во министерството наречен Оперативна група за изборни закани, создадена летоска да се справи со заканите насочени кон изборите, избраните претставници и вработените во изборниот процес.

Федералното обвинителство поднесе тужба против лицето Чад Кристофер Старк (54) од Лендер, Тексас, за тоа што ја повикал групата „Џорџија патриоти“, да „стави куршум“ во избрани државни службеници. Старк синоќа беше задржан од полицијата.

Обвинението не ги именува службениците, но се работи за државниот секретар Бред Рафенсбергер и главниот советник во државниот департмент на Џорџија.

Огласот е објавен на многу популарната веб-страница за огласи Креглист, и се појави кога тогашниот претседател Доналд Трамп вршеше зголемен политички притисок врз избрани официјални лица и изборните работници во клучните држави, да ги изменат резултатите од претседателските избори одржани во ноември 2020 година.

Во телефонски повик неколку денови пред упадот во Капитолот, Трамп го повика Рафенсбергер „да ги најде гласовите“ за да прогласи победа за него во оваа клучна држава. На претседателските избори, сепак за победник беше прогласен демократскиот противкандидат Џо Бајден.

Трамп ги повика поддржувачите на голем митинг во Вашингтон лани на 6 јануари, по што се случи хаосот пред американскиот Конгрес и упадот на стотина негово поддржувачи во Капитолот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Турција го повика на разговор американскиот амбасадор

Ана Ололовска

Бајден: САД се подготвени на сите потези на Северна Кореја

Ана Ололовска

Бајден во Токио ќе ја засилува Индо-пацифичката соработка

Ана Ололовска

Саливан: САД сакаат да го продлабочат економското партнерство со Тајван

Ана Ололовска

Кина со предупредување до САД: Не играјте на картата на Тајван, осудени сте на пропаст

Ана Ололовска

Њујорк тајмс: Три четвртини од Афроамериканците стравуваат од расистички напади

Ана Ололовска