Либиските сили зазедоа клучна база

Од:

Силите на меѓународно признатата либиска влада соопштија денеска дека ја презеле контролата врз клучната воена база во предградие на Триполи од силите на фелдмаршал Калифа Хафтар, кои се обидуваат да го заземат главниот град.

Портпаролот на владините сили, полковник Мохамед Гнуну изјави дека повторно е заземена воздушната база ал-Ваити во југозападното предградие на Триполи.

Силите на Триполи со недели се обидуваа да ја преземат базата, изведувајќи напади со беспилотни летала испратени од Турција, додека силите на Хафтар претрпеле големи загуби во последните неколку недели.

Ескалацијата на конфликтот се случува и покрај зголемениот меѓународен притисок врз обете страни да се вратат во преговорите за политичко решение и да се запре насилството поради загриженост за ширење на коронавирусот. Во земјата има 65 случаи на новиот коронавирус и тројца починати пациенти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски