Либискиот Парламент во Тобрук бара Египет да интервенира во земјата

Од:

Либискиот парламент со седиште во Тобрук го повика Египет да интервенира директно во граѓанската војна во поделената Либија за да биде создадена контратежа на воената поддршка која Турција ја дава на меѓународно признатата влада на национално единство, со седиште во главниот град Триполи.

Во соопштението, Претставничкиот дом во источното либиско пристаниште Тобрук рече дека египетската поддршка е потребна за да се спречи турската инвазија и окупација, пренесува Ројтерс.

Во соопштението, Претставничкиот дом во Тобрук истакнува дека египетската поддршка е потребна за да се спречи турската инвазија и окупација.

Сферите на влијание во Либија од 2014 година се практично поделени помеѓу владата во Триполи и нејзината спротивставена администрација во Бенгази, град на истокот на земјата, контролиран од либиската национална армија на генералот Калифа Хафтар, поддржана од Обединетите Арапски Емирати, Русија и Египет.

Поради таквата поделба, Либија има уште еден парламент – Претставнички дом, со седиште во Тобрук.

На почетокот на овој месец, линијата на фронтот во Либија се премести кај градот Сирт, откако силите предводени од владата во Триполи, со турска воена поддршка, ја прекинаа едногодишната офанзива на силите на Хафтар на главниот град.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси веќе предупреди дека армијата на неговата земја би можела да влезе во Либија ако владините сили во Триполи и Турција повторно го нападнат Сирт, крајбрежен град важен за пристап до главните терминали за извоз на нафта во Либија.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски