Либискиот лидер Ал-Сараџ го нарече генералот Хафтар воен злосторник

Од:
Либискиот премиер Фајез ал-Сараџ во говор пред Советот за човекови права на Обединетите нации во Женева денеска го осуди гранатирањето на цивилните подрачја и аеродроми во неговата земја, нарекувајќи го воениот противник, генералот Калифа Хафтар, „воен злосторник“, јавија британските медиуми.

„На децата им е одземено правото на образование заради гранатирањата и затворањата на училиштата поради напаѓачот и поради оние кои го финансираат истиот напаѓач и му даваат оружје. Тие мора да се земат на одговорност, порала Ал-Сараџ“, пренесе Фена.

Тој кажа дека меѓународно признатата Влада на национално единство „секогаш покажувала подготвеност да се тргне напред на патот кон мир и стабилност“.

Политичките разговори меѓу двете страни ќе се одржат во среда во Женева.

Либија е центар на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година, кога по интервенцијата на НАТО од власта беше соборен и подоцна и убиен дотогашниот долгогодишен неприкосновен лидер Моамер ел-Гадафи.

Силите предводени од генералот Хафтар во април минатата година почнаа офанзива врз Триполи, во кој се наоѓа седиштето на Владата за национално единство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски