Либиски новинар осуден на 15 години затвор

Од:

Воениот суд во источниот дел на Либија го осуди новинарот Исмаил Бузриба ал Звеј на 15 години затвор поради кривични дела поврзани со тероризмот.

Невладините организации и групи за заштита на човековите права протестираа поради пресудата на Звеј, додека локалните правници пресудата ја оценија како порака од која „се смрзнува крвта“, истакнувајќи дека новинарите во источна Либија, што е под контрола на генерал Калифа Хафтар, работат во најсурови услови.

И мисијата на Обединети нации во Либија изрази загриженост поради апсењето и судењето на Звеј, истакнувајќи оти со тоа се кршат либиските и меѓународните закони и побара негово ослободување.

Звеја (39) првпат беше уапсен од припадниците на безбедносните служби во 2018 година додека известувал за настан во родниот град Аџабија, под обвинение дека работи за Ал Наба, приватна телевизија, која емитува програми од Турција и се смета дека е поврзана со исламските терористи.

Би можело да ве интересира

Почина американскиот новинар кој седум години беше заложник во либанската граѓанска војна

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании