Либиската Влада суспендира преговори за прекин на огнот

Од:

Меѓународно признатата влада во Либија ги прекина разговорите за прекин на огнот под покровителство на ОН во Женева по вчерашниот напад врз пристаништето во главниот град Триполи, соопшти претседателскиот совет на земјата.

Во соопштението се вели дека либиските сили ќе одговорат цврсто на нападот во вистинско време. Пристаништето во Триполи беше нападнато вчера и, според извори, погодено е складиште, но ниту еден брод.

Бродовите, вклучително и танкерите за гориво, кои беа закотвени во пристаништето, беа евакуирани по нападот.

Силите на либискиот генерал Калифа Хафтар соопштија дека нападнале турски брод со оружје, соопшти неименуван воен претставник на Либиската национална армија (ЛНА).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски