Либиската изборна комисија ја одби кандидатурата на синот на Гадафи за претседателските избори

Од:

Либиската изборна комисија вчера јави дека ја отфрлила кандидатурата на Саиф ал Ислам Гадафи, синот на либискиот диктатор Моамер ел-Гадафи, за претседателските избори, закажани на 24 декември,

dobivaj vesti na viber

„Саиф ал Ислам Гадафи е баран од Меѓународниот кривичен суд (МКС) за ’злосторства против човештвото’. Тој ја поднесе својата кандидатура на 14 ноември и е еден од 25-те одбиени кандидати“, се наведува во соопштението на Високата изборна комисија (ХНЕК).

ХНЕЦ образложи дека 25-те кандидатури се одбиени врз основа на повеќе законски одредби, како и дописи од државниот правобранител, началникот на криминалистичката полиција и претседателот на Управата за пасоши и државјанства.

Изненадувајќи ги сите во земјата, додека не се знаеше каде се наоѓа, Сеиф ал Ислам (49) својата кандидатура ја поднесе во Себха, на југот на земјата, иако кон крајот на јули, во интервју за „Њујорк Тајмс“ тој ја навести можноста за враќање во политичкиот живот на Либија.

Претседателските избори на 24 декември треба да ја означат промена во земјата по хаосот и братоубиствените борби по падот на режимот на Моамер Гадафи во 2011 година.

ХНЕЦ неделава соопшти дека биле поднесени 98 кандидатури, меѓу кои и од две жени.

Би можело да ве интересира

Либискиот суд му ја врати претседателската кандидатура на синот на Гадафи

А1он

Синот на Гадафи се кандидира на претседателските избори во Либија во декември

Ана Ололовска

Силите на генералот Хафтар бомбардирале турски брод во пристаништето Триполи

Во Атина запленет над еден тон канабис наменет за Либија

Ана Ололовска

Американски сенатор објави фотографија од убиството на Гадафи како закана за Мадуро

РТБФ: Исчезна дел од милијардите на Гадафи

Ана Ололовска