Либија од нафтената блокада на силите на Хафтар загубила речиси 9,5 милијарди долари

Од:

Кумулативните загуби на Либија од блокадата на нафтата и затворањето на нафтените извори од страна на силите на генералот Калифа Хафтар во последните 234 дена се приближија на 9,5 милијарди долари, се наведува во извештаите на Националната корпорација за нафта (НОК), јави весникот „Сабах“.

Силите на Хафтар ги блокираа големите нафтени терминали во источна Либија еден ден пред самитот во Берлин, на 19 јануари, на кој се бараше крај на странското мешање во конфликтот и продолжување на мировниот процес.

Откако Хафтар ја почна блокадата производството на нафта во земјата опадна за околу три четвртини. Блокадата ги прекина и приходите на државните институции што работат низ целата земја.

Токму на оваа тема на 1 септември, претседателот на НОК, Мустафа Санала, во Триполи се сретна со италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо, соопшти НОК на својата Фејсбук страница. НОК соопшти дека Ди Мајо „ја потврди целосната поддршка на предложената иницијатива на корпорацијата за продолжување на производството и извозот на нафта“.

На 31 август, либиската армија на Владата за национално единство,која е поддржана од ОН, соопшти дека силите лојални на Хафтар го блокирале влезот во стратешката северна провинција Сирт и таму затвориле една зона.

Запрени се борбите околу централното медитеранско пристаниште Сирт, портата кон источните нафтени полиња и извозните терминали и клучната воздушна база Џуфра, на југ. Сирт се наоѓа на околу половина пат меѓу Триполи и вториот по големина либиски град Бенгази.

Би можело да ве интересира

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Паднаа цените на нафтата

Поскапува Еуросупер БС-98, цените на другите горива не се менуваат

Горан Наумовски

Светски берзи: Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

Катерина Ѓуровски

Светски берзи: Зајакнат доларот, цената на нафтата порасна

Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

Катерина Ѓуровски