Либански затвореници при бегство од затворот загинаа во сообраќајка

Од:

Повеќе од 60 лица избегаа од затвор во Либан, а петмина загинаа кога нивниот автомобил удри во дрво, соопштија Меѓународните безбедносни сили на Либан.

Тие избегаа од затворот Бабда в зори откако ја скршиле вратата од ќелијата, соопшти државната новинска агенција ННА, додавајќи дека безбедносните сили ја опколиле областа.


Министерот за внатрешни работи го извести претседателот на Либан, Мишел Аун, за бегството на затворениците, кој нареди истрага за овој случај.

Властите потврдија дека 15 бегалци се фатени и дека четворица се предале. Петмина загинаа во сообраќајна несреќа, додека еден бегалец е повреден и пренесен во болница.

Би можело да ве интересира

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан

(ВИДЕО) Израел објави снимка: Испалија 30 ракети, Железната купола пресретна третина

Катерина Ѓуровски

Командант на Хезболах меѓу 10-те жртви на израелскиот напад во Либан

Во израелските напади врз Либан загинаа 11 цивили, меѓу кои шест деца

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во израелскиот напад на Либан загинаа 11 лица, меѓу кои шест деца

Хезболах истрела најмалку 30 ракети од Либан кон северен Израел