Либан нема пари за плати на дипломатите, па бара тие да си најдат донатори

Од:

Поради финансиски проблеми, Либан доцни со исплатата на платите на своите дипломати, па ги советуваше да бараат донатори за покривање на основните деловни трошоци, бидејќи во спротивно може да се затворат голем број амбасади.

Во официјалното писмо од 25 јануари, Министерството за надворешни работи побара од амбасадорите да побараат помош од дијаспората и да го известат во рок од две недели. Министерството ја разгледува можноста за затворање на голем број амбасади, што во своето писмо го опишува како „итна финансиска мерка усвоена од многу други земји кои се соочуваат со слични финансиски тешкотии“.

Два либански извори во дипломатски кругови потврдија дека на дипломатите во странство не им биле исплатени платите за јануари. Еден извор рече дека им било кажано дека ќе ги добијат исплатите следната недела.

Либан моментално се соочува со голема криза која Светската банка ја опишува како една од најтешките финансиски несреќи во историјата. Со оглед на тоа што потроши најголем дел од своите девизни резерви во 2019 година, дојде до недостиг на долари и следствено на тоа пад на вредноста на националната валута за цели 90 проценти и повеќе.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Во Иран и во Либан по улици се прославуваше нападот над Израел

Катерина Ѓуровски

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан

(ВИДЕО) Израел објави снимка: Испалија 30 ракети, Железната купола пресретна третина

Катерина Ѓуровски

Командант на Хезболах меѓу 10-те жртви на израелскиот напад во Либан