Либан и Израел ги продолжуваат преговорите со посредство на САД

Од:

Либан и Израел ја продолжија втората рунда преговори со посредство на САД за спорните погранични води на истокот на Средоземното Море и се согласија да го продолжат дијалогот и утре.

Според американски медиуми, преговорите биле „сериозни“, а либанската делегација побарала на Либан да му се доделат дополнителни 1.430 квадратни километри.

Официјален Бејрут се надева дека откривање на резерви на фосилни горива во либанските територијални води би било важно за надминување на досега невидената економска и финансиска криза и за подобрување на динамиката на отплата на јавниот долг, што изнесува дури 170 проценти од БДП.

Израел веќе произведува доволно гас за свои потреби и за извоз во соседните Египет и Јордан.

Би можело да ве интересира

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Откриен еден од израелските планови за одмазда на Иран

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат